Ковачевски: Донесен е нов план за приближување на Украина кон НАТО

од Nikola Popovski
330 прегледи

Беа донесени многу важни одлуки како продолжувањето на поддршката на Украина и во однос на подготовката на безбедносните планови на регионално ниво, рече утрово премиерот Димитар Ковачевски на вториот ден од самитот на НАТО во Вилнус, Литванија.

Ковачевски информира дека денеска ќе имаат две сесии.

-Првата е со нашите партнери од Индо-пацифичкиот регион. Тука со нас се присутни Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија. Ќе ги споделиме најважните аспекти на заедничкото делување во обезбедувањето на мирот во светот. На состанокот ќе присуствуваат и претседателката на Европската Комисија и претседателот на Европскиот Совет. Ќе одржам и билатерална средба со грчкиот премиер, како и втората сесија, на која ќе се одржи и првиот состанок на Советот НАТО-Украина, на кој ќе се разговара за поддршката која НАТО ја дава на Украина, како и чекорите за поголемо приближување на земјата кон воената алијанса, рече премиерот.

Ковачевски нагласи дека е донесен нов план за приближувањето на Украина.

-Она што беше пристапување во два чекори, сега е во поедноставна процедура и наредните одлучи ќе зависат од консензусот и одлуките и ситуацијата на теренот, која ќе донесат земјите-членки на НАТО, порача претседателот на македонската влада.

Слични содржини