Ковачевски донираше градежна машина и сијалици за улично осветлување за граѓаните од Голо Брдо

од Nikola Popovski
354 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска оствари средба со Македонци од месноста Голо Брдо од Албанија. Во рамки на Акцискиот план за поддршка на Македонците во Голо Брдо и Пустец, премиерот донираше градежна машина и сијалици за улично осветлување, со што се реализираше уште едно барање од заедничкиот договор на Македонците, од овие краеви, со Владата.

Денеска со донација на градежна машина и сијалици за улично осветлување беше исполнето едно од барањата на жителите од заедничкиот договор со Владата.

Премиерот го најави и граничниот премин Требиште-Џепиште кој што е од исклучителна важност за македонското население во регионот од Голо Брдо да почне да функционира 24 часа.

Има еден инфраструктурен дел кој треба  да се направи на албанска страна, има делови кој што треба да се договорат помеѓу Министерствата за внатрешни работи меѓу тоа и денес заедно со премиерот на Албанија Еди Рама разговаравме и ресорните министри веќе се запознаени од двете држави за начинот на кој треба да го санираме и да го решиме овој долгогодишен проблем кој што Македонците од Голо Брдо го имаат, а пред се сè однесува на непречено 24 часа комуникација на граничните премини меѓу двете држави, рече Ковачевски од посетата.

Ковачевски нагласи и за донацијата од машина која што ќе ја користат во текот на зимските месеци за чистење на снегот и улично осветлување.

Вкупната донација е од 1 милион денари и таа веднаш ќе биде предадена и ќе биде користена во Голо Брдо како и во другите општини кој што се населени со Македонци, сакам уште еднаш да им посакам добредојде на  нашите сограѓани на нашите македонци кој живеат во Албанија  и како и тие сами кажуваат овде се чувствуваат како дома бидејќи и Албанија и Северна Македонија се држави кој што во моментов имаат односи кој што се на исклучително високо и пријателско ниво, кажа премиерот.

Слични содржини