Секогаш после секоја голема и државничка одлука, нашата држава излегувала посилна и понапредна. Кога во 2001 година имавме воен конфликт во државата, нашето политичко лидерство во тоа време, смогна сили и разум и го направивме Охридскиот рамковен договор. ОРД ни обезбедни функционална, мултиетничка демократија во државата и државата веќе го реши внатрешниот проблем кој што го имаше. Денес ОРД и неговата примена и институциите кои што се изградени врз основа на него, можат да се видат во извештајот на Генералниот секретар на ООН, како пример за решавање на отворени идентитески прашања во една држава. Втората храбра одлука која ја донесе нашето политичко водство и повторно предводено од лидери и политичари од владино мнозинство кое што јас го претставувам е Преспанскиот договор со Република Грција. Тоа беше тешка одлука, но и од таму земјата излезе посилна бидејќи после потпишувањето на Преспанскиот договор, станавме членка на НАТО, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција со неговиот словенечки колега Роберт Голоб во Љубљана.
Како трета одлука, премиерот го истакна прифаќањето на европскиот предлог-преговарачка рамка, кој минатото лето ни овозможи отворање на преговорите со ЕУ.
-Она што е пред нас е носење на уставни измени кои се дел од обврските во преговарачката рамка. Јас велам и кога нив ќе ги донесеме, државата пак ќе излезе и посилна и како победник затоа што после тоа автоматски продолжува Втората меѓувалидна конференција, отворање на кластерите, реформите во општеството и полноправно зачленување во ЕУ за што поддршка имаме од сите земји членки на ЕУ, додаде Ковачевски.