Ковачевски е против широка коалиција: Оваа Влада има политички и економски капацитет

од Nikola Popovski
162 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изнесе детали за средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот тим во Владата.

-Јас и на Собранието кога беа пратенички прашања, јавно кажав дека сите понуди и позиции мораат да бидат доставени до ЕСМ, со оглед дека таму се прави евалуацијата. Со оглед дека се работи за контакти, министерот за економија е тој што е задолжен за нив и да види дали имаат соодветна понуда, која ги задоволува критериумите, истакна меѓу другото Ковачевски.

На новинарско прашање за изјавата на Павле Трајанов за широка владина коалиција, Ковачевски вели дека тој „најверојатно бил мотивиран од тоа што јас го кажав во Собранието дека сите партии треба да дадат максимум во однос на справувањето со енергетската и економската криза“.

-Тоа не значи формирање експертска или широка влада бидејќи оваа Влада има политички и економски капацитет за да се справи со овие предизвици пред нас. Оваа Влада од прв ден работи со бројни предизвици. Успеавме да пребродиме непречено снабдување со храна. Сметам дека и оваа есен и пролет ќе се справиме со економската криза, одговори Ковачевски.