Ковачевски: Единствена комуникација на опозицијата со граѓаните е сама да напише анкета на која води

од Nikola Popovski
143 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека докажал во изминатите две години како зборува врз основа на факти. Заради тоа, вели дека опозицијата не е присутна во медиумите во последно време.

-Тие единствено што ќе направат е ќе седнат и ќе напишат самите некаква анкета со која водат и тоа им е единствената комуникација која ја гледаме со граѓаните. Ако ги гледаме фактите ќе видиме дека просечната плата е зголемена за 50%, минималната за 100%. Ако зборуваме кај пензиите, факт е дека минималната пензија е 50% повисока од таа во 2016 и просечната пензијата е за 50% повисока од таа во 2016 година. Не може да се негира тоа. Ако зборуваме за невработеноста денеска е 13%, во 2016 година беше 24%, а во 2025 година се очекува за првпат да имаме едноцифрена стапка на невработеност. Тоа се факти кои не можат да се негираат со лажни соопштенија и популизам, рече Ковачевски во емисијата на „Слободен печат“.

Според премиерот, во ВМРО-ДПМНЕ имаат анкета, според која 80% од граѓаните не можат да препознаат која е политиката на партијата во однос на интересите на граѓаните.

-Тоа не го кажуваат и затоа прават нови за да им тргне денот подобро, рече меѓу другото Ковачевски.

Слични содржини