Ковачевски: Единствени граници во Европа во моментов се границите во регионот, затоа „Отворен Балкан“ е најдобра иницијатива

од Nikola Popovski
168 прегледи

Единствени граници во Европа во моментов се границите на Балканот. Кога ќе излезете од Србија на север, веќе не постојат граници до Скандинавија. Затоа оваа иницијатива е најдобра и нема лоши страни и затоа што тргнува од потребите на граѓаните и бизнисите. На нас секогаш ЕУ ќе ни биде стратешка цел, но ние ќе го унапредуваме нашето работење и живеење преку вакви иницијативи, рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата на самитот „Отворен Балкан“ во Охрид.

Тој додаде дека ова е оригинална и органска иницијатива на Албанија, Македонија и Србија и очекува да се приклучат Црна Гора и БиХ, како и Косово.

-Граѓаните имаат право да живеат врз основа на европски вредности и да соработуваат меѓусебе, појасни Ковачевски.

Слични содржини