Ковачевски: Етничката припадност е професија само на Западен Балкан

од Nikola Popovski
267 прегледи

Така е законот и мора да се почитува. Сум покажал повеќе пати дека етничката припадност не може да биде професија и тоа е професија единствено на Западен Балкан и никаде на друго место на светот, изјави премиерот Димитар Ковачевски запрашан за огласот на Клиниката за гинекологија и акушерство, каде се бараат лица вработени од конкретна националност.

Премиерот даде и пример.

-Кога беше пандемијата со Ковид-19, голем број сограѓани имаа потреба од Клиниката за инфективни болести. Таму клучните тројца доктори беа Демири, Цана и Стефановиќ. Етничката припадност не игра улога во професионалноста, кажа Ковачевски на прес-конференција во Владата, запрашан дали лекува стручноста или националната припадност.

Слични содржини