Ковачевски: Европската идеја и можностите кои таа ги носи е најсилниот сојузник на младите

од Vladimir Zorba
304 прегледи

„Како човек, пред сè, стојам зад потенцијалот што се наоѓа во секој млад човек, и ќе направам сè за подобра иднина на младите. Не само успехот на државата и нашето општество, остварувањето на вашите идеи, соништа и амбиции се клучен мотив за мене. Европската идеја и можностите кои таа ги носи за вас, младите, е најсилниот сојузник на овие соништа и амбиции“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на младинската трибина „Младина, иднина, Европа“ во Скопје.

Тој додаде дека поради тоа работи посветено на решавање на сложените предизвици со кои се соочуваме на европскиот пат и дека членството во ЕУ значи подобро образование, здравство, слбодно движење, дружење, пристап до различни фондови и шанси за развој на потенцијалот на младите.

„Тоа е се она што доаѓа, кон што се стремиме. Но, прашањето кога, е најважно во овој момент. Затоа што младите немаат време за губење. Вие немате време за губење. Македонија нема време за губење. Изгуби оваа земја премногу време, сега треба да направи чекор напред. Токму заради вас. Немаат сегашните македонски генерации 10, 15 или повеќе години да ги фрлат во ветер“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека низ годините се правеле политички калкулации, се мислело на рејтингот на политичарите, наместо на идните генерации и поради тоа стнавме заробена држава додека младите се иселуваа и земаа пасоши на туѓи земји.

„Затоа што младите сакаат перспектива, сакаат сигурна иднина и сакаат да живеат во државата којашто е дел од ЕУ. Ние не можеме да се вратиме назад, но затоа можеме, јас би рекол мораме, да извлече поука и да не дзовлиме исти грешки. Не смееме да дозволиме сега пак да изгубиме 10, 15 или нови 20 години и Вашата генерација да остане во неизвесност“ рече Ковачевски.

Слични содржини