Ковачевски-Фон дер Лајен: Уставните измени не се едноставни, но ќе овозможат непречен пат кон членството во ЕУ

од Nikola Popovski
176 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која денеска е во официјална посета на земјава, одржаа тет-а-тет средба, по која се одржа билатерална средба помеѓу двете делегации.

На средбата на на која присуствуваа и Артан Груби, Прв Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедницитa, Бојан Маричиќ, заменик на Претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Благој Бочварски, министер за транспот и врски, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и Азир Алиу, министер за информатичко општество, се разговараше за повеќе прашања поврзани со европските интеграции на Северна Македонија.

Претседателката Фон Дер Лајен посочи дека Северна Македонија успешно се движи напред по европскиот пат, и дека земјата не смее да се откаже од просперитетна иднина. Таа порача дека европскиот народ многу позитивно гледа на Северна Македонија. Во таа насока беше истакнато дека Унијата внимателно го следи патот на земјата како и одлучноста за членство во ЕУ. Фон дер Лајен на средбата со Ковачевски потенцираше дека Северна Македонија направи многу на патот кон ЕУ и заслужува членство, и оттука нејзината лична силна поддршка и соработка со Премиерот и Владата, кои носат одлучни политики и не отстапуваат од евроинтеграциите на Северна Македонија.

На средбата беше разговарано за процесот на скрининг, кој се одвива добро и е во крајна фаза, за инвестициската поддршка на Европската Унија во нашата земја како и за актуелните политички предвизици во државата. Уставните измени беа оценети како процес кој не е едноставен, но кој понатаму ќе овозможи непречен пат кон членството во ЕУ. Земјата брзо напредува посебно во изминативе неколку години, за што претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, посочи дека е одличен индикатор за што поскоро членство на Северна Македонија во ЕУ.

Што се однесува до Планот за раст за Западен Балкан, беше истакнато дека тој План сигнализира позитивна иднина за Северна Македонија, ќе доведе до нови економски можности за земјата и е наменет да обезбеди дополнителен поттик за евроинтеграциите на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски на состанокот истакна дека Северна Македонија треба да го искористи моментот и да се фокусира на реформскиот процес, имајќи предвид дека динамиката на проширување ќе зависи од брзината со која земјите работат на европеизација на општествата. Северна Македонија, со веќе 50% усогласено законодавство со ЕУ, има најголем успех на доближување со европското законодавство, од сите земји во регионот.

На средбата заеднички беше констатирано дека Европската Унија, е најсилнниот поддржувач на Северна Македонија на патот кон евроинтеграциите, поддршка која никогаш не губи на интензитет, туку постојано се засилува.

Слични содржини