Ковачевски ги отфрли шпекулациите за реконструкција на Владата

од Nikola Popovski
102 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски демантира дека ќе има реконструкција во Владата.

-Во моментов владата функционира со мнозинство од 64 пратеници. Јас не сум имал разговори како премиер бидејќи премиерот предлага министри во владата во реконструкција. Сето она што се пишува е во рамките на шпекулации во моментов, рече премиерот на новинарско прашање дали Алтернатива на Алијанса добила понуда за влез во Владата.

Тој потенцира дека АА во својата програма и своите јавни настапи има ставови кои се прогресивни во делот на продолжување на европскиот пат и борбата против корупцијата и владеењето на правото, но во моментов не се разговарало за соработка околу приклучување кон Владата.

-Ме радува дека ставовите кои што се однесуваат на иднината на Македонија имаат поддршка во партијата АА, истакна премиерот.