283
Ковачевски ги собра сите луѓе на Заев околу себе. Каков кабинет може да се очекува тој да направи, ако не со Заевисти?!, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешното интервју на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Според нив, луѓето кои ги поставил Ковачевски во врвот на СДСМ имаат едно заедничко, „сите се експерти за губење на избори“.
-Ковачевски не може да донесе ништо ново, бидејќи и тој беше заменик министер за финансии во владата заради која имаме зголемена инфлација, енергетска криза и 60.000 отпуштени од работа, велат од најголемата опозициска партија преку соопштение.