303
Мандаторот на новата влада и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска напладне на спикерот Талат Џафери и официјално му ги достави предлог-составот и предлог-програмата за работа на новата влада.
-Денеска го доставив составот на новата Влада и програмата за работа на Владата до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Имаме стабилно мнозинство, усогласена програма фокусирана на решавање на клучните проблеми на граѓаните и тим подготвен да одговори на сите предизивици, објави Ковачевски на социјалните мрежи.