Ковачевски: Го испочитувавме аманетот на Мисирков – ние сме Македонци кои говорат свој македонски јазик

од Nikola Popovski
450 прегледи

Зборовите на Крсте Петков Мисирков денеска се реалност за македонскиот народ и нашиот вековит македонски јазик, кој што постоел, постои и ќе постои за навек. За среќа постои македонска национална култура и историја и тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за слободен национален живот. Денес се поклонуваме на делото на Мисирков затоа што неговиот аманет е примен и испочитуван. Успеавме да го претставиме македонскиот јазик на еднакво рамниште со сите други официјални јазици во Европа, со ланското отворање на преговорите со ЕУ, рече премиерот Димитар Ковачевски на свечена академија по повод 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик “Крсте Петков Мисирков”.

Ковачевски нагласи дека македонскиот јазик беше оспоруван во општествено-политичкиот свет.

-Тоа го знаел и Мисирков кога книгата „За македонските работи“ ја поставил на пет поглавја, при што зборувал и за економските, културните и јазичните предуслови за формирањето на современа македонска нација. Минатата година со почнувањето на преговорите со ЕУ, ставивме крај на внимателните политички формулации дека зборуваме јазик на Блаже Конески, Ацо Шопов, Матеја Матевски. Македонскиот јазик денес е официјален јазик во ЕУ. Ние знаеме кои сме-Македонци кои говорат свој македонски јазик, додаде претседателот на Владата.

Слични содржини