Премиерот Димитар Ковачевски вчера ги повика пратениците во Собранието да го прифатат модификуваниот француски предлог за укинување на бугарското вето и почеток на преговори со ЕУ.
Тој кон крајот на своето обраќање го цитираше великанот на македонската книжевност, Петре М. Андреевски и неговиот познат роман „Пиреј“.
-Вреди да се избориме и да работиме за тоа, на тој начин. Е затоа ја барам вашата поддршка и поддршката на сите граѓани. Бидејќи државата е заедничка за сите и на сите. Сосема на крајот, дозволете да цитирам: „Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат коштева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“- напиша Петре М. Андреевски. Јасно, силно, вековито.
Да живеат граѓаните, да живее Република Северна Македонија, кажа Ковачевски во обраќањето од собраниската говорница.