Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска повтори дека најголем дел од производителите не го исполниле џентлменскиот договор што го имаа со Владата во 2022 година.
-На состанокот со производителите на основните прехранбени производи во Стопанската комора, се договоривме дека ќе обезбедиме субвенционирана цена на електрична енергија, а тие преку џентлменски договор ќе ги намалат за најмалу 10% цените на основните прехранбени производи и тоа беше јавно соопштено. Владата својот дел го испочитува. кога цената на струја беше над 500 евра за мегават час, ние обезбедивме за 80 евра. Се покажа дека голем дел од компаниите не го испочитуваа џентлменскиот договор и затоа ги намаливме дел од цените и ги замрзнавме, рече премиерот кој денеска беше обиколка на еден маркет со цел да се увери во новата поевтина цена на тестенините и млечните производи.
Тој ги упати новинарите да отидат во Стопанската комора, бидејќи како вели, „често пати излегува со стратегии за национален договор за економски напредок со Владата, па да ги прашате ова прашање да ви го одговорат“.