Опозицијата со градоначалниците кои потекнуваат од партијата мора да бидат свесни за работата. Од она што можам да го видам дека ништо не се прави во општините. Живеам во Скопје и гледам дека ветеното не се реализира. Единствено што добиваме од градоначалниците е барања за помош, вели премиерот Димитар Ковачески во изјава за медиумите, одговарајќи на прашање како ја оценува работата на градоначалниците во првите 100 дена.
Премиерот појаснува дека не постои иницијатива од градоначалниците да се вклучат во справување со економската и енергетската криза.
-Буџетите на градоначалниците од опозицијата ги правеа знаејќи дека криза и во нив не предвидоа никакви кризни предлози со кои ќе се справат. Вчера видовме дека во скапи сали беа презентирани проекти кои се започнати од претходните градоначалници од СДСМ, а покрај тој дел од проектите се стел технологија, односно проекти кои никој не ги гледа и не гледа никаква имплементација, рече Ковачевски.