Ковачевски: Граѓаните во државата, коишто се самоопределуваат можат да побараат да бидат дел од Уставот

од Берта Китинска
284 прегледи

Во нашиот устав освен македонскиот народ има и албански народ и другите кои ги сочинуваат другите заедници кои се дел од уставот и нормално доколку и други граѓани во државата кои што се самоопределуваат на друг начин и тие може да побараат да бидат дел од Уставот на РСМ, рече премиерот, Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со својот колега Кирил Петков.

„ Тоа е процес што поминува низ уставни измени, кои пак, имаат повеќе чекори и во кои се вклучени повеќе институции, ако тоа се случи, а нормално е да се случи на патот на една држава кон ЕУ, бидејќи тогаш се отвара Уставот за да се направат и други адаптирања, тогаш ќе бидат опфатени и тие прашања, врз основа на барањата на граѓаните,“изјави премиерот.