Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, упати честитка по повод големиот христијански празник Божиќ.
„Ви го честитам големиот празник, раѓањето Христово – Божиќ. Нека вашите домови бидат исполнети со радост, спокој и мир.Христовото раѓање симболизира нови почетоци, нова надеж, победа на доброто врз најголемите искушенија, а во духот на човековите христијански вредности повикува на меѓусебно почитување, толеранција и помагање.Да продолжиме да негуваме добри мисли, да си помагаме, да не води надежта за подобро заедничко утре, сплотени кон подобра иднина и просперитет на целото општество.Христос се роди! Навистина се роди!“, стои во честитката на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.