Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска изјави дека очекува наскоро да има средба со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на тема „техничка Влада“.
– Секако дека ќе имаме состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сметам дека тоа е најнормална комуникација, во која што ќе бидат разговарани овие теми. Меѓутоа, сепак не се работи за нешто што може да има слободно толкување, се работи за законска одредба во однос на ресори и позиции коишто секои од партиите застапени во Парламентот согласно законското решение ги пополнува, истакна Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната промоција на монографијата „Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи (1948-2023)“..
Прашан кога би се сретнале со Мицкоски, Ковачевски одговори дека тоа ќе се случи скоро, но, како што рече, бидејќи се работи за техничко прашање мисли дека тоа и нема да биде помпезна лидерска средба, како што обично знаат да бидат.