577
Собраниската Комисија за избори и именувања ги прифатила барањата за апанажа на поранешниот премиер Димитар Ковачевски и екс-министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Поранешните функционери аплицирале и добиле апанажа од 2.500 евра во следните 12 месеци.
Освен правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење на службено возило, што на поранешниот премиер му следува согласно законот за возила.
Правото на апанажа ќе го користат и поранешните членови на Комисијата за заштита од дискриминација, поранешната претседателка Весна Бендевска и членот Исмаљ Камбери.