Ковачевски иден премиер на Северна Македонија

од Берта Китинска

Актуелниот заменик-министер за финансии и долгогодишен член на СДСМ, Димитар Ковачевски ќе биде идниот премиер  на новата влада, дознаваме од наши извори.

Според истите извори, екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов заедно со Ковачевски се во игра за лидер на партијата

Заев на средбата со лидерот на Алтернатива  Африм Гаши, која во моментов се одржува во Клубот на пратениците е придружуван од заменик-министерот за финансии.Во медиумите изминатиов приод се шпекулираше дека Ковачевски  може да биде идниот мандатар.

Според биографијата објавена на официјалната страница на Владата, 47-годишниот Димитар Ковачевски е роден во Куманово. Доктор е на економски науки, вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје. Тој е предавач на додипломските, постдипломските и докторските студии и е автор на голем број научни трудови од областа на економија и менаџмент објавени во меѓународни научни списанија и конференции.

Слични содржини