Ковачевски им се извини на новинарите

од Nikola Popovski
248 прегледи

Поранешниот премиер и актуелен лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска изјави ги прифаќа реакциите на новинарите и здруженијата поради неговите ставови кон новинарите. Тој денеска повторно им се извини на новинарите и истакна дека тоа е искрено извинување.

Ковачевски информираше дека имал долг разговор со претседателот на ЗНМ во неколку наврати, бидејќи како што рече, тој е најдобриот сведок на тоа што се случуваше до 2016 година.

На прашањето на кого мислел кога вчера кажал дека „во подрум ќе цвикаат“, Ковачевски од пред Универзалната сала, изјави дека тоа не е точна изјава. Според него, „тоа се случувало до 2016 година и не би сакал да видиме време кога повторно тоа ќе се случува“.

Од ЗНМ вчера информираа дека на партиска трибина одржана на 19 февруари, Ковачевски се служел со непристоен говор кон новинари, притоа ставајќи ги сите медиумски професионалци во ист кош, и меѓу другото кажа: „Е, тоа ви е кога медиумите ќе се стават во функција на една политичка партија. И после ќе се освестат, и касно е… И кај ќе трчаат? Во СДСМ. Зошто? За да им ја врати демократијата. А тие самите се продале“.

Слични содржини