Ковачевски: Имаме опозиција единствена во Европа која ќе стане од изутрина и гледа што да бојкотира

од Nikola Popovski
190 прегледи

Имаме опозиција која што е единствена во Европа, која бојкотира Собрание. Ќе стане од утро и ќе виде ајде што да бојкотираме денеска и се бојкотираат закони од интерес на граѓаните. Четири месеци доцнеа субвенциите за тутунарите, поради тоа што опозицијата ја бојкотираше комисијата. Сметам дека опозицијата треба да биде одговорна и на висина на задачата, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот потенцира дека местото за каде треба да се соочат различни политички концепти е Собранието.

-Одлуките се носат на комисиите и собраниски седници. Носењето на одлуки на лидерски средби – тоа граѓаните не го сакаат. Институциите треба да бидат функционални. Не гледам пречка Мицкоски да не го викнам. Завчера бев половина ден во комуникација со градоначалникот на Тетово, кој е претседател на опозициска партија. Соработувавме за справување на пожарот. Исто така со претседателот на Алијанса имам комуникација, при што можеме да седнеме и да разговараме за различни теми, појасни Ковачевски.

Според него,