Ковачевски: Историчарите да зборуваат за историјата, а политичарите за политиката

од Берта Китинска
225 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, во одговор на новинарско прашање, во врска со изјавата на првиот човек на историската комисија, Драги Ѓоргиев дали се согласува дека Бугарија не е фашистичка држава, премиерот рече дека е отворен преговарачки процес со бугарската страна и дека се формирани работни групи кои работат во повеќе области како економијата, инфраструктурата и сл.

„Со Бугарија отворивме преговарачки процес, формирани се работни групи кои работат на полето на економијата, инфраструктурата, транспортот, денеска се реализираше првиот лет. Што се однесува до комисијата на историчари, добро е да им се остави на историчарите да зборуваат за историјата, а политичарите за политиката“, рече Ковачевски.