Ковачевски: Изјавата од официјална Софија е дека тие сакаат деескалација

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

На ниво на односи помеѓу две страни потребна е деескалација од двете страни и добро е што изјавата која што доаѓа од официјална Софија е дека тие сакаат деескалација, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

За тоа дали има официјално најавена делегација од Бугарија за роденденот на Гоце Делчев, Ковачевски рече дека во моментов нема најава за официјална најава, но дека се уште има време до 4 февруари.

Во изјава за медиумите по завршувањето на првиот панел од конференцијата „Година на нови можности”, Ковачевски истакна дека провокации на поединци, кои имаат име и презиме и коишто се санкционирани согласно законите во нашата држава не можат да бидат основа и не можат да претставуваат основ да се смета дека цела наша држава или нашите институции имаат таков однос.

„Ние сме држава која на највисоко ниво го има издигнато остварувањето на правата на граѓани коишто се самоопределуваат на друг начин од Македонците, коишто сме најбројни во државата. За тоа имаме институции, за тоа имаме уставно уредување, за тоа имаме низа на закони какви што закони нема ниту една земја во Европа. Тоа е нешто на што можеме да бидеме горди“, изјави Ковачевски.

Слични содржини