Ковачевски: Изборите ќе бидат во редовниот термин во 2024 година

од Берта Китинска
140 прегледи

Повеќепати имам кажано дека изборите ќе бидат во редовниот термин во 2024 година, кажа премиерот Димитар Ковачевски давајќи коментар на изјавата на лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов дека е за предвремени избори во април или мај догодина.

-Во овој момент државата е исправена пред огромна економска и енергетска криза, меѓутоа пред нас е и процесот на скрининг со ЕУ така што сите ресурси на државата и сите капацитети, во Собранието, во Владата, меѓутоа и надвор од нив, академијата, невладините организации, сите треба да бидеме фокусирани и да ја насочиме енергијата кон што побрзо завршување на скрининг фазата и кон што подобро справување со енергетската и економската криза во интерес на граѓаните. Така што во овој момент избори не се приоритет, рече Ковачевски.

Слични содржини