Избравме светла иднина за државата и за граѓаните без да го загрозиме македонскиот јазик и идентитет. Македонскиот јазик ќе е еден од службените јазици на ЕУ без било какви објаснувања, додавки или фусноти, пишува на својот Фејсбук профил, премиерот Димитар Ковачевски.
-Со започнувањето на преговорите со ЕУ, добиваме стабилност и европска поддршка за економијата. Одлучно продолжуваме да го одиме европскиот пат, бидејќи не постои поголем патриотизам од јасната визија и план за иднината, залагањето за просперитет на државата и на сите граѓани, напиша Ковачевски.