Ковачевски изрази сочувство: Животот на кралицата Елизабета беше лекција и инспирација

од Nikola Popovski
213 прегледи

Во името на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија оддаваме почит и благодарност до нејзиното величество кралицата Елизабета II, објави премиерот Димитар Ковачевски, упатувајќи сочувство по повод смртта на британската кралица.

Ковачевски посочи дека нејзиниот извонреден живот низ кој беше константа на најголемите светски промени е лекција и инспирација.

-Нека почива во мир, стои во објавата на премиерот.

Претходно сочувство упати и претседателот Стево Пендаровски, како и поранешниот премиер Зоран Заев.

Слични содржини