Премиерот Димитар Ковачевски денеска информира дека извештајот на Светска банка дава неколку важни пораки, а тоа е дека нашата држава има најробусна поддршка во однос на справувањето со кризата.
-Пакетот мерки кои што ги направивме се најголеми во регионот. Ние и доцна синоќа работевме со министерот за економија за последниот пакет и штом ќе биде готов ќе го презентираме. Утре ќе биде присутна и претседателката на ЕК и штом ќе ги имаме сите информации, ќе ги финализираме и мерките. Добро е што цената на електричната енергија на светските берзи во моментов бележи пад што е резултат на заедничките напори на ЕУ и на сите европски земји и на усогласената надворешна политика. Затоа повторно се отвораат и дел од големите капацитети кои се директно поврзани на високонапонската мрежа зашто цената на електричната енергија е на ниво кое за нив е издржливо, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.
Премиерот прецизира дека со мерките се опфатени 41 илјада најранливи граѓани, 135 илјади пензионери со ниски пензии. Подвлече дека е субвенционирана електричната енергија за сите граѓани и за малите потрошувачи.