Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја депонираше оставката во Собранието.
-Мојата оставка е потпишана, сега ќе ја однесам во архивата. Ќе се видиме со претседателот на Собранието, ќе му посакам успешна процедура до недела, а потоа и успешен негов избор за технички премиер на Владата, кажа Ковачевски пред Парламентот.
Претседателот истакна дека Талат Џафери е успешен политичар со големо искуство во водење на парламентот, а самиот тој дошол со друго искуство, преку водење преку водење на корпорации.
-Веројатно стилот ќе биде различен, но државата ќе го задржи својот стратешки правец, а тоа е западна ориентација и стратешкото партнерство со САД и техничката влада ќе се грижи за граѓаните, кажа премиерот во заминување.
-Имавме неформална средба со министрите на којашто им се заблагодарив за напорната работа во овие изминати две години. Денеска, како што кажав, ќе го направам тоа што е според закон предвидено, додаде Ковачевски.
Ковачевски изрази убедување дека на 9-ти мај тој ќе ја предводи новата влада.