Ковачевски ја напушти челната позиција во ЕСМ

од Nikola Popovski
203 прегледи

Првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски си заминува од директорската функција. Тој денес ја депонирал оставката до премиерот Димитар Ковачевски.

Засега не се знаат причините зошто Ковачевски си заминува.

За во 13 часот и 30 минути е закажана прес-конференција, на кои ќе бидат изнесени повеќе детали околу оставката и кој ќе го наследи.

Во текот на вчерашниот ден, „Локално“ го контактираше Ковачевски во обид за изјава, но првиот човек на ЕСМ не одговори на нашите повици.

Ковачевски е дипломиран инженер по термоенергетика и на оваа функција дојде пред четири години од местото директор на РЕК Битола, најголемата подружница на АД ЕСМ и најголем производител на електрична енергија. Тој е и поранешен советник во Советот на Општина Битола во периодот од 2013-2014 година, како и пратеник во Собранието од редовите на СДСМ во два мандати (2014-2016 и 2016-2017 г.).

Слични содржини