Ковачевски ја нарече „беседа“ објавата на Мерко: Тоа што тој го напиша, јас го кажав уште првиот ден

од Nikola Popovski
513 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски ги коментираше денешните настани откако четиричлена комисија од јавни обвинители од Јавното обвинителство врши надзор на постапувањето во предметите поврзани со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во Основното јавно обвинителство Струга и Вишо јавно обвинителство ЈО Битола, информираат од ЈОРСМ.

-Јас утринава ја прочитав беседата на струшкиот градоначалник со спомнување на Вилсон и американски знамиња и каде што кажува дека општината е отворена за сите истражни органи кои треба да ги испитаат наводите. Тоа што тој го избеседи сабајле, јас го кажав уште првиот ден дека општината треба да биде на располагање. Добро е што Обвинителството ќе испита. Ќе повторам дека владата не е ниту обвинител, ниту судија и јас нема да го правам тоа што правеле други поранешни премиери, за што морале да одат да живеат во други земји. Секоја инситутиција треба да ја преземе својата одговорност и да работи во согласност своите законски надлежности, кажа Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Колку за потсетување, после недела дена молк од ставањето на црната американска листа, Мерко утринава објави статус на својот Фејсбук профил, информирајќи дека стои на располагање и ќе ја достави целата документација за сите предмети кои се водат против него во Јавното обвинителство.

Слични содржини