Актуелниот заменик министер за финансии, Димитар Ковачевски денеска официјално ја поднесе својата кандидатура за претседател на СДСМ.
-Мојата визија и програма е насловена „Заедно, одговорно и посветено“, таа се базира на три столба, а тоа е социјалдемократската визја, јасни вредности, економскиот раст и трето фер шанса каде најдобрите ја добиваат шансата за унапредување. СДСМ поминува низ предизвик низ кој треба да се менуваме.Секој челен треба да си го кажа својот глас и тој да биде слушнат, кажа Ковачевски.
Прашан за тоа колкаво ќе биде влијанието врз него од досегашниот лидер и премиер, Зоран Заев, Ковачевски рече:
– Моето работење и мојот интегритет ќе го потврдам преку работењето, преку политиките и преку одлуките коишто ќе ги носам доколку бидам избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз.