Ковачевски: Ја потврдувам изјавата на О Брајан за Мицкоски

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Нема да ја коментирам изјавата на О Брајан, ќе ја потврдам. Кога некој ви нуди нешто што не сте виделе и врз основа на тоа сака да го добие вашето внимание и вашиот глас, тогаш тоа е една голема лага, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање денеска при работната посетата на Македонски Брод.

„Нивната теза е дека тие ќе понуделе друга алтернатива, а таа алтернатива никој не ја видел. И од тој аспект кога некој ви нуди нешто што не сте виделе и врз основа на тоа сака да го добие вашето внимание и вашиот глас, тогаш тоа е една голема лага. Затоа сметам дека она што го имаме од страна на Влада, коалиционите партнери, ЕУ е практично начинот на кој Северна Македонија ќе продолжи кон ЕУ интеграциите и до 2030 година. Со оваа Влада после нашата победа на претседателски и парламентарните избори до 2030 година ќе станеме земја членка на ЕУ“, рече Ковачевски.

Тој потенцираше дека опозицијата единствено сака да ја врати државата назад во изолација, додавајќи дека во земјата има проевропски и антиевропски блок.

Слични содржини