Ковачевски: Ja повикувам опозицијата да се обединиме и заедно да ја внесеме земјата во ЕУ

од Берта Китинска
152 прегледи

Пред самото одржување на првата меѓувладина конференција Урсула Фон дер Лејен кажа: „Драг, Димитар ти ветувам дека договорот со ФРОНТЕКС ќе биде потпишан со С.Македонија на чист македонски јазик“. Јас тоа го пренесов на граѓаните, таа го исполни своето ветување и јас го исполнив моето ветување, денешното потпшување по почетокот на преговорите е правиот и прв пример за тоа, кажа премиерот Димитар Ковачевски на заедничка прес-конференција со ПЕК Урсула Фон дер Лејен.

Тој посочи дека преговорите владата нема да ги води сама и дека ќе го прави тоа заедно „државнички и сплотено“.

-Верувам дека скринингот ќе заврши за 14 месеци, а тоа е задача на сите чинители во државата. Ги повикувам од опозицијата да се обединиме, заедно да ја внесеме земјата во ЕУ. Не смееме да си дозволиме извештај дека опозицијата блокира европски закони во Собранието, рече Ковачевски.