Членството во НАТО е исполнување на нашата стрaтешка цел и чест ми е што сум овде во седиштето на Aлијансата, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски кој е во посета на Брисел.
На заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, премиерот посочи дека членството во НАТО за С.Македонија е доказ за слободниот и суверен избор на земјата.
-Да се биде дел од НАТО значи безбедност, просперитет и сигурност.Влезот во НАТО на отворена врата и овозможи на С.Македонија да ја постигне својата огромна цел и безбедносен успех, кажа Ковачевски.
Ковачевски, кажа дека Македонија го поддржува предлогот на НАТО за тематски состаноци со Русија.
-Како сојузник на НАТО се приклучуваме кон апелите до Русија да деескалира и да го продолжи дипломатскиот дијалог. Го поддржуваме предлогот на НАТО за тематски состаноци со Русија во врска со состојбата на односите, на европската безбедност со фокус на Украина, транспарентноста, намалување на ризикот и контрола на оружјето. Целосно го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признаените граници. Како сојузници, ние сме силни, одлучни и обединети во нашата реакција, изјави Ковачевски.