Ковачевски ќе биде мандатар, СДСМ го овласти да формира нова влада

од Берта Китинска
267 прегледи

Новиот претседател на СДСМ , Димитар Ковачевски, на Фејсбук ја информираше јавноста дека вечерва на Централниот Одбор на СДСМ ја добил довербата да биде мандатар на идната Влада.

„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на иднаата Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работа за да ја оправдам довербата.

Продолжуваме со седницата на ЦО за избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ.
СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отворена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности“, пишува Ковачевски.

Се очекува кај претседателот Стево Пендаровски да пристигне писменото барање во кое ќе биде наведено името на новиот мандатар.

-Најверојатно среда ќе биде денот кога ќе се случи формалното предавање на мандатот од моја страна, информираше Пендаровски.
По добивањето на мандатот, новиот мандатар во рок од 20 дена ќе треба до Собранието да поднесе програма и да го предложи составот на владата, а новата влада се избера со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници.