Ковачевски ќе има обраќање во Собранието

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска ќе има свое обраќање на 81-та пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија.

На дневен ред е точката „Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година, соопштија од Владата.

Претходно на пленарната седница обраќање ќе има претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.