Ковачевски: Ќе има промени само во еден или два ресори

од Nikola Popovski
211 прегледи

Новиот мандатар на Владата, Димитар Ковачевски денеска информираше нема да има големи промени во владините ресори.

-Ресорите се поделени согласно преземените одговорности во Владата од претходо. Јас не очекувам да има поголеми промени во ресорите, од причина што веќе има владина програма, што се реализира, иако ќе биде надополнета и претставена како програма со новата влада во Собранието, кога ќе се гласа, вели Ковачевски во интервју за ТВ Канал 5.

Лидерот на СДСМ додаде дека за очекување е промена во само еден или два ресори, кои би биле финално распределени, откако ќе завршат разговорите со сите коалициски партнери.

Ковачевски не сакаше да открие кои министерства ќе припаднат на СДСМ, бидејќи се уште траат разговорите.

Слични содржини