Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Вила Водно, му го врачи мандатот за состав на нова Влада на лидерот на СДСМ – Димитар Ковачевски.
-Од денес започнувам со формирање на новиот тим на луѓе кои треба да одговорат на сериозните предизвици кои не чекаат веднаш по Новата година. Ваквите времиња бараат стабилни, одговорни и храбри луѓе.Новата влада ќе има јасна цел – обезбедување сигурност, подобар живот и светла иднина за нашите граѓани. Моја лична заложба е да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката и институциите, кажа Ковачевски.
Со ова стартува уставниот рок од 20 дена, во кој мандатарот треба да го дефинира составот на Владата како и програмата по која таа ќе работи, и да го достави до Собранието.