Премиерот Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес конференција со својот бугарски колега Кирил Петков упати поздрав до сите министри на Бугарија и посочи дека ова е успех за само една недела откако се имаат договорено двете страни да се започне со работа на теми кои значат подбора комуникација и подобри врски со цел за овој регион да се обезбеди подобар живот.
-Денес нашите колеги од двете влади ќе работата на Коридорот 8 во однос на патната инфраструктура, образованието, телекумуникацијата, нашите тимови ќе работата со копреседавачи не само со преседавачи.И сето тоа ќе не доведе да покажеме на Европа дека на Балканот се соработува.Кирил и јас важиме за луѓе кои сакаат Excel табели , рокови и сакаат остварување ние ќе бидеме тука постојано и сакаме барем еднаш неделно групите да не информираат за тоа што ќе биде сработено, кажа Ковачевски.
М.А.