Сега има отворен прозорец за пристапување во ЕУ. Сега сите земји се еднсгласни дека треба да има проширување. Тоа значи обединување на Европа. Ние веќе имаме 50% усогласеност со европското законодавство, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.
Според него, сите треба да си ја земат одговорност во свои раце и пред сегашните и идни генерации.
-Со ваквите работи не се калкулира и не смее да се игра со емоциите на граѓаните бидејќи во спротивно ќе значи повторување на лошиот филм кој што гледавме 11 години каде имавме уназадување на етничките односи во земјата, односите со соседите и кога еден милиметар не мрднавме во евроинтеграциите и во НАТО. Лошите искуства од историјата не смеат да се повторуваат. Ќе работиме сонот за европска Македонија да се оствари до 2030 година, рече Ковачевски запрашан дали е реално земјава да се приклучи во ЕУ до 2030 година.