Премиерот Димитар Ковачевски се обрати и учествуваше на настан по повод Светскиот ден на детето под мотото: „Кога се работи за детските права, сите сме еден тим'” во организација на Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фудбалската федерација на Македонија.
На настанот обраќања имаа и Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ и Дени Масев, директор на ФФМ, по што ќе се одржи пријателски натпревар. Премиерот Ковачевски во своето обраќање истакна дека на овој ден се потсетуваме кои ни се приоритетите, каде треба да ни е насочен погледот, што сакаме да постигнеме за да обезбедиме безгрижно детство, а секако и подобра иднина и можности за развој.