Не сум човек кој подлегнува на притисоци, закани и уцени. Доколку единствена точка за која опозицијата смета дека треба да се разговара се предвремени избори, тогаш таква средба нема да има, бидејќи сакам да повторам дека избори ќе има, но во 2024 година, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со средбата на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Беса, Христијан Мицкоски и Билал Касами, по која тие рекоа дека имаат план и стратегија за да се дојде до предвремени парламентарни избори.
-Во овој момент на Република Северна Македонија и е потребно лидерство и одговорност за справување со големите предизвици што ги имаме во оваа кризна година, а тоа е енергетската криза, која е европска, потоа здравствената криза која се уште е присутна преку новите соеви и ценовната инфлација, изјави Ковачевски.