Ковачевски: Коридорите 8 и 10Д ќе се изградат

од Nikola Popovski
187 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска информираше дека Коридорите 8 и 10Д ќе почнат да се градат и ќе се изградат.

-Сите оние кои што не сакаат да ја видат државата со модерна инфраструктура и кои не сакаат да ја видат поврзана со земјите со регионот, за жал ќе мораме да ги разочараме дека ќе има и Коридор 8 и Коридор 10Д и членство во ЕУ, исто како што има членство во НАТО, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.

Во однос на предлогот за 60 часа работна недела за изградбата на автопатите за Коридорите, премиерот истакна дека и сега во земјава, може да се работи повеќе од 40 часа, согласно законските решенија.

-Има голем број на работници кои работат и по 50 часа, по свој избор и со своја согласност, кажа Ковачевски.

Слични содржини