Ковачевски: Курти е дел од политиката во Македонија, тој беше клучот за формирањето на ВЛЕН

од Nikola Popovski
175 прегледи

Поранешниот премиер и актуелен пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски, во едно од своите ретки појавувања во медиумите по мајските избори изјавил дека СДСМ не можела да влезе во голема коалиција со албанските партии, бидејќи се вмешал премиерот на Косово, Албин Курти.

Ковачевски во поткастот „Каде се партите“ навел дека Курти бил клучот за формирањето на коалицијата ВЛЕН и испраќањето на ДУИ во опозиција.

„Курти е присутен во политиката во Македонија и тоа никој не може да го негира. СДСМ не можеше да направи голема коалиција со албанските партии, бидејќи овојпат албанската опозиција беше консолидирана и засилена, а логистичка беше поддржана од Косово. Имаше свој кандидат за претседател, истакната политичка фигура, и тоа Арбен Таравари, кој денес е министер за здравство. Тоа ја стави ДУИ во позиција да мора да се кандидира со свој кандидат за претседател“.

„Тоа не беше случај на последните избори пред пет години, имајќи предвид дека уште тогаш беа направени првите обиди од премиерот на Косово кој сакаше да биде протагонист во Македонија и е протагонист во Македонија, бидејќи кога се одржуваа средбите се одржаа, се направи координација и коалиција со него, ниту ова не го кријат, бидејќи има снимки, изјави и слично, рече Ковачевски.

Ковачевски додаде дека Самоопределување на Курти нема ништо против СДСМ, додавајќи дека тие се сестрински партии.

Слични содржини