Ковачевски: Левица нуди некаква алтернатива во Евроазиска унија што не е во согласност со определбите на граѓаните

од Nikola Popovski
117 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во државата постојат два концепти, при што едниот е претставен од Левица, која според него, ја држи во заложништво и ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие се против членството во НАТО и против членството во ЕУ, што е погрешен концепт. Дури уште полошо, Левица нуди некаква алтернатива на Евроазиска унија, која што во ниту еден случај не е во согласност со определбите на граѓаните. Сите политички партии кои што се за концептот за европска Македонија и сакаат да бидат дел од сојузот за Европа – тие врати им се отворени. Само тоа е патот напред за нашата држава, за да обезбедиме економски просперитет, социјална сигурност и врвно владеење на демократијата, како што има во ЕУ и да ги исполниме очекувањата на граѓаните кои што ги поставиле политичарите пред 31 година, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.