Неодговорно е да се бојкотира Собрание, во време на војна и кризи, во време кога цените на енергенсите постојано растат, кога не може да се обезбеди транспорт на жито во Украина, вели премиерот Димитар Ковачевски во врска со лидерската средба со претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски.
Тој тврди дека со закани и уценувања нема да има лидерска средба. Само за теми од стратешко значење, може двајцата да седнат на маса.
-Во вакви услови да барате предвремени е неодговорно и е за политички цели. Лидерска средба за стратешки прашања и подобар живот на граѓаните, справување со енергетската криза може да има. Лидерска средба за претење и уценувања, а претседателот на опозицијата одбројува како во акционен филм – нема да има. Дека постои комуникација меѓу сите партии, порача Ковачевски.