Ковачевски: М-НАВ станала семејна фирма, затоа се случуваат конфликти кои обично ги има по дома

од Nikola Popovski
456 прегледи

Немаше воопшто комична ситуација. Таа беше професионална. Гледав многу информации кога бев на средба кај поглаварот на МПЦ, заедно со претседателот Пендаровски. Имаше повеќе кандидати кои беа разгледувани, рече премиерот Димитар Ковачевски за назначувањето на новите директори на М-НАВ.

За двајцата предложени директори, вели дека е донесена добра одлука и дека имаат долгодишно искуство.

-За М-НАВ треба посериозно да се позанимаваат, не само Владата, туку и Еуроконтрол, нивното финансирање е од таму. Треба да се интервенира. Таа е станата како семејна фирма, ако погледнете ќе видите дека до трето колено има вработени. Тие станале како семејство во кое што имаат конфликти кои обично се случуваат по дома. Треба да се испитаат начините на кои се прават конкурсите. Да не се случи некој кандидат да добива готови тестови, истакна премиерот.

За претходниот предлог Илир Мехмеди, премиерот рече дека ако се погледне неговото CV, ќе се види дека станува збор за искусен човек кој управувал со такви институции.

-Бидејќи се случиле промени на Статутот пред четири години, во делот на М-НАВ и велат дека генерален директор мора да биде контролор, затоа се разгледуваа и други кандидати. По консултации со стручната фела, беше предложен нов кандидат со 25-годишно искуство, кажа Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини