Ковачевски: Македонија беше ЛА Лејкерс за Бугарија, Унгарија и Чешка

од Nikola Popovski
332 прегледи

Клучното прашање за нашата иднина е продолжување на европските интеграции и полноправно зачленување во ЕУ. Јас и господинот Азески знаеме дека бевме спејс-шатл за Бугарија, Унгарија, Чешка, Словачка, Полска и земјите од советскиот лагер. Ние за нив бевме Лос Анџелес Лејкерс, изјави денеска лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на прес-конференцијата со првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Според Ковачевски, само затоа што се земји-членки на ЕУ, споменатите држави се подобри од нас.

-Ако генетички биле подобри од нас, ќе биле подобри и тогаш, се до влезот во ЕУ. Генетички не се подобри од нас. ниту се попаметни, ниту имаат подобри ресурси, ниту имаат подобра географска положба. Немале подобра инфраструктура, кажа екс-премиерот.

За споредбите со нашиот источен сосед, Ковачевски вели дека на времето, „Бугарија немаше ниту пат“.

-Соседна Бугарија сега има метро, а порано пат немаше. Затоа европските интеграции се приоритет за економскиот, социјалниот и демократскиот напредок на С. Македонија. Секој што измислува други алтернативни сценарија е губење на време како што гледавме 11 години, истакна претседателот на СДСМ.

Стопанската комора на Северна Македонија денеска одржа работен состанок со претставници на политичката партија СДСМ.

Слични содржини